Крем со заштитен фактор треба да нанесуваме во текот на целата година, особено во текот на летото кога влијанието на УВА и УВБ зраците е многу посилно и поопасно.
Дерматологот д-р Александра Браун сподели корисни совети на својот Instagram и откри колку крем за сончање всушност треба да користиме за правилно да се заштитиме.
За правилно да го заштитите целото тело, треба да нанесете количество крем колку просечна мала чаша за жесток алкохол.
За да го заштитите лицето и вратот, треба да нанесете количина на крем со должина од два прста, доколку се работи за покремаст заштитен крем.
Меѓутоа, ако користите кремови кои се потечни и имаат текстура налик на лосион, Браун советува да користите четири прсти наместо два за правилно покривање и заштита на областа на вратот и лицето.