Десерт на денот: Австрискиот кајзершмарн е сличен на палачинки

Кајзершмарн е традиционален австриски десерт сличен на палачинки, но со поедноставна подготовка.

Кајзершмарн (Kaiserschmarrn) или царски омлет, како што обично го нарекуваат кај нас, е традиционален австриски десерт сличен на палачинки, но со многу поедноставна подготовка.

Најчесто се служи со пасирани јаболка, но можете да го послужите и со суво грозје, бобинки или некој мармалад.

Името Кајзершмарн доаѓа од австрискиот цар (кајзер) Франц Јосиф I, кој многи со сакал овој десерт. Било многу популарно јадење во Австроунгарија и Баварија.

Потребни состојки:
  • 3 јајца
  • 200 мл млеко
  • 180 гр брашно
  • 50 гр путер
  • 1 лажица шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • шеќер во прав за посипување
Подготовка:

Прво одвојте ги жолчките од белките, а потоа во сад изматете ги жолчките, шеќерот и млекото. Постепено додавајте го брашното и матете да нема грутчиња.

Во друг сад изматете цврсти шлаг од белки со прстофат сол. Растопете го путерот на тивок оган, а во меѓувреме со дрвена лажица нежно измешајте го шлагот од белки со смесата од жолчки.

Смесата се пече на средна температура неколку минути, па се превртува. После тоа, тестото треба да се искрши на парчиња со вилушка или дрвена лажица и да се пече уште неколку минути додека не порумени. На крај посипете со шеќер во прав и послужете со одбраниот прилог.

Тагови
реклама

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Рецепти

Класика за сите непца: Вкусен сатараш со тиквички и телешко

Read more

Гриз со банани: Омилено јадење на најмалите за лесен појадок или ужина

Read more

Пробајте рецепт за леб од тава со моцарела

Read more

Брзо и вкусно: Совршени солени мафини со виршли

Read more
 

Магазин

Како да спречите потемнување на бананите во колачите?

Читај повеќе

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Читај повеќе

Трупате фотки во телефонот? Можеби имате ментално растројство

Читај повеќе

Гестови со кои ја покажувате љубовта за партнерот: Ја одржуваат вашата врска силна

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои се подготвени за голем деловен успех во 2025 година

Читај повеќе

Како јадењето киви еден час пред спиење може да ви помогне побрзо да заспиете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Класика за сите непца: Вкусен сатараш со тиквички и телешко

Читај повеќе

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Читај повеќе

Зимски прошетки и кучиња: Дали е неопходна јакна за вашето милениче?

Читај повеќе