Десерт на денот: Колач со овошје

Пробајте го овој вкусен десерт по рецептот на Мартина Трајаноска.

Потребни состојки:

250 мл млеко/кисела вода

150 мл масло

150 гр шеќер

150 гр гриз

250 гр брашно

½ печиво

50-100 гр овошје

Начин на подготовка:

Соединете ги течните состојки, па додадете ги сувите. Убаво измешајте ја смесата и додадете го овошјето. Може да е свежо или замрзнато, но внимавајте овошјето да не е многу водено или да има многу мраз. Боровинки, малини или вишни би биле супер во колачов. Целата смеса префрлете ја во намрсена тава или хартија за печење. Зависно од големината, времето на печење би било различно. Овој колач се пече 35 мин на 150 степени, па уште 35 мин во исклучена рерна. Бидејќи е мал но висок колачот сака повеќе печење на потивка температура.

Откако ќе го извадите оставете го целосно да се излади најмалку 3-4 часа, а најдобро е да го оставите преку ноќ. Може да ставите прелив од црно чоколадо и хопла. Оставете го да се стегне, па прелијте го и со растопено бело чоколадо. Исто така може да не ставите гриз, но во тој случај додадете уште 50-100 гр брашно. Сепак гризот дава специфичен вкус, но може да се изостави. 

URL
View this post on Instagram

Колач со овошје🍒 Доколку сакате да си приготвите домашен колач кој ќе има сличен дури и поубав вкус од купените, ова е вистинскиот рецепт. Може да е и посен и веган доколку млекото го замените со растително млеко или кисела вода. Ние дома го обожаваме. Јас го правам во мало плехче , но може да ја дуплирате дозата и да го направите во поголем плех, модла или куглов. Соединете ги течните состојки, па додадете ги сувите. Убаво измешајте ја смесата и додадете го овошјето. Може да е свежо или замрзнато но внимавајте овошјето да не е многу водено или да има многу мраз. Боровинки, малини или вишни би биле супер во колачов. Целата смеса префрлете ја во намрсено плехче или хартија за печење. Зависно од големината, времето на печење би било различно. Јас мојот колач го печев 35 мин во загреана рерна на 150С, па го оставив уште 35 мин во исклучена рерна. Бидејќи е мал но висок колачот сака повеќе печење на потивка температура. Откако ќе го извадите обавезно оставете го целосно да се излади најмалку 3-4 часа, а најдобро е да го оставите преку ноќ. Кога колачот ќе се излади чувајте го во кеса. Јас му ставив прелив од црно чоколадо и хопла. Оставив да се стегне, па го прелеав и со растопено бело чоколадо. Исто така може да не ставите гриз, но во тој случај додадете уште 50-100 гр брашно. Сепак гризот дава специфичен вкус, но може да се изостави. • #instafood #foodlovers #foodporn #foodblogger #cooking #goodfoodgoodmood #tasty #delicious #food #madewithlove #homemade #homecook #macedonia #фотонаденот #инстамакедонија #готвисољубов #споделирецепт #macedonianfoodbloggers #мкфудблогери

A post shared by martinascooking (@martinascooking) on

Тагови
реклама

Рецепти

Рецепт на денот: Пита со шампињони и моцарела

Read more

Идеја за појадок: Мафини со пршута

Read more

Рецепт за топло чоколадо што мора да го пробате

Read more

Пробајте го најдобриот и најлесниот рецепт за пилешки крилца

Read more

Магазин

Најмудрите цитати на Бил Гејтс - за вакцините, за знаењето, за животот

Читај повеќе
  • filter

Норвешка: 24 интересни факти за најсеверната земја во Европа

Читај повеќе

Франција е кралица на кружните текови

Читај повеќе
  • play_arrow

Јапонски експериментален воз достигна брзина од 382 км/ч

Читај повеќе

Рецепт на денот: Пита со шампињони и моцарела

Читај повеќе
  • play_arrow

Руски диви „хакери“ бираат победник помеѓу Трамп и Бајден

Читај повеќе

Три хороскопски знаци кои најтешко ја поднесуваат самоизолацијата

Читај повеќе
  • filter

Идеи за есенски декорации за домот

Читај повеќе

Кои се најчитаните книги на сите времиња?

Читај повеќе