Рецепти

Десерт на денот: Зимски колач со цимет и мед

10. декември 2019 - 15:48 | М.С.

Се подготвува брзо и лесно, а вкусот ќе ве воодушеви.

Пробајте го овој едноставен рецепт за вкусен колач со цимет и мед.

Состојки:

Путер, за подмачкување на тавчето

320 гр. брашно

Една и пол лажичка прашок за пециво

Половина лажичка сода бикарбона

Половина лажичка сол

Лажичка цимет во прав

Половина лажичка мускатно оревче

Три јајца

120 мл. масло

Лажичка екстракт од ванила

Две јаболка

85 гр. мед

120 мл. млеко

Лажичка рендана кора од портокал

220 гр. шеќер

Шеќер во прав

Начин на подготовка:

Измијте ги јаболката, исчистете ги и исечете ги на коцки, па ставете ги да се варат во малку вода. Кога сосема ќе омекнат, испасирајте ги за да добиете густа каша.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тавчето ставете хартија за печење и малку подмачкајте со путер.

Во поголема чинија промешајте брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, сол, цимет и мускатно оревче.

Во друга чинија изматете јајца, екстракт од ванила, каша од јаболка, мед, млеко, рендана кора од портокал и шеќер.

Соединете со сувите состојки и матете со мискер додека да добиете смеса без грутки.

Сипете во тава, израмнете и печете 40 до 45 минути.

Кога колачот е печен, извадете го и оставете го десетина минути, а потоа со нож одвојте го од тавчето.

Префрлете го на чинија и наросете со шеќер во прав.

Послужете го со кафе или чај.

Коментирај