Неверна жена е кремаста и едноставна торта, чии главни состојки се пандишпан, банани и крем. Покрај тоа што е вкусна, оваа торта крие и симпатична приказна за нејзиното потекло.

Како и кај швалер тортата, се верува дека оваа торта ја направил маж. Имено, ова е приказна за заљубен маж и жена кои живееле заедно додека убавата девојка не одлучила да држат диета. Ништо не би било чудно доколку нејзиниот партнер не забележал дека во последно време с подоцна и подоцна се враќа од работа.
Решил да ги земе работите во свои раце и да ја следи. Како и обично, таа отишла на работа, а по враќањето застанала за да набави намирници. Но, после тоа не заминала дома, туку во слаткарница. Излегла со парче торта, седнала на блиската клупа и рекла: „Еднаш се живее“.
Сето тоа го забележа нејзиниот партер, кој слатко се насмевнал и си отишол дома. Следниот ден ја пречекал со нејзината омилена торта која ја нарекол „неверна жена“.
Потребни состојки:
за два пандишпава:
- 8 јајца
- 100 гр брашно
- 120 гр шеќер
за кремот:
- 6 жолчки
- 100 гр шеќер
- 1 л млеко
- 50 гр густин
- 60 гр брашно
- 3 кесички ванилин шеќер
- 250 гр путер
- околу 10 поголеми банани
- мармалад
- декорација по желба
Подготовка:
Одделете ги белките од жолчките и изматете ги во цврст шлаг. Изматете ги жолчките со шеќерот и брашното и нежно измешајте ги заедно со лажица. Во тавче со димензии 35x25 ставете хартија за печење и истурете половина од смесата.
Печете околу 20 минути на 200 степени, а потоа повторете ја постапката со втората кора. Штом се испече кората, веднаш виткајте ја во крпа и оставете ја да се излади.
За кремот изматете 6 жолчки со 100 грама шеќер и 3 кесички ванилин шеќер. Матете додека смесата не се згусне. Потоа додадете просеано брашно и густин. Нежно мешајте и постепено додавајте млеко додека не се разбијат сите грутки и се добие течна смеса. Доволно е околу 150 до 200 милилитри млеко.
Остатокот од млекото Загрејте го, па додадете ја смесата и сварете го кремот. Оставете да се излади, а во меѓувреме одвиткајте ги пандишпаните и премачкајте ги со мармалад. Свиткајте го секој пандишпан во ролат, па исечете го на кришки и наредете ги во тркалезен калап.
Во изладениот крем додадете путер и сè убаво изматете да се соедини, па половина од кремот намачкајте го преку пандишпанот. Потоа наредете ги бананите и ставете го остатокот од филот. На крајот украсете ја целата торта по желба.