Десет грешки поради кои не ви се погодува ајварот

Ако сте се обиделе да подготвите ајвар и не сте задоволни со резултатот, најверојатно само што се впуштиле во оваа вкусна авантура.

Еве неколку совети со кои би можеле да да се пофалите со вашата тегла ајвар на следниот семеен руечк.

Ајварот е одличен пример дека трпеливста се исплати. За печење, лупење, цедење, мелење и мешање пиперки е потребно време, но зимата во која ќе уживаме во домашно направениот ајвар е бесценета.

За ајварот, како и за сите народни рецепти, можете да разговарате од утро до вечер - кои состојки е подобро да се изостават и кои треба да се додадат. Така, соседите се „расправаат“ дали е подобро сончогледово или маслиново масло, кој додава лук, и кој оцет или шеќер. Но, без оглед на состојките што ќе се најдат во тенџерето, вкусот зависи и од тоа дали правите некоја од најчестите грешки.

Погрешна математика

За добар ајвар, квалитетната и локална храна се пресудни, како и нивните пропорции. Кога станува збор за зеленчукот, ако не го правите само од пиперки – на три килограми пиперки се става еден килограм модар патлиџан.

Суви пиперки

Кога купувате, замолете го продавачот да ви ја исече пиперката за да видите колку е дебела и сочна, а добро е и да ја пробате. Квалитетот зависи од дебелината. Добрите пиперки се мазни, зрели и дебели.

Начин на печење

Највкусниот ајвар има фина арома што не може да се добие со ништо друго освен пиперки испечени на скара или ќумбенце, на природно дрво или јаглен. Печењето во рерна оставете го за помали количини за секјдневна употреба.

Прекратко печење

Добро измијте ги пиперките и патлиџаните и наредете ги да се печат. Кога лушпата очигледно почнува да се раздвојува, пиперките се печени. Не е доволно само да се затемни, туку и да се погрижите зеленчукот да не изгори.

Недоволно цедење

Ставете ги излупените пиперки во цедалка или мрежаста вреќа и оставете ги да се исцедат преку ноќ (најмалку 12 часа). И модриот патлиџан се лупи и се цеди. Ајварот ќе има подобар вкус, а времето за готвење ќе се преполови.

Нестрпливо мешање

За да биде ајварот кремаст, треба да ја мешате смесата постојано, на умерен оган, со дрвена лажица. Ова е можеби најтешкиот дел, но ќе се исплати. Маслото се истура на самиот крај, и малку по малку. Се додава полека за добро да се спои смесата, како да правите мајонез.

Оставање семки

Многу домаќинки додаваат феферонки, но ако не ви се допаѓа лутото, добро е да ги исчистите од семки. Пиперките и патлиџаните исто така треба да се исчистат од семки пред да се сомелат.

Премногу сол

Солта се додава постепено, а пред секое вкусување на смесата треба да се излади малку ајварот на чинија. Ако се вкуси претопло, ќе се чини без вкус.

Валкани рабови

Со цел зимницата да ви трае подолго, теглите мора да се стерилизираат. Но, со овој трик, нема да мора да се грижите - пред да го затворите капакот, не заборавајте да ги избришете рабовите на теглата со алкохолен оцет.

Ладење

Затворете ги теглите со стерилизирани оригинални капаци и префрлете ги на пастеризација во рерна на 100 Целзиусови степени од час до час и половина. Исклучете ја рерната и оставете ги теглите да се изладат во неа. Чувајте ги во остава, визба, фрижидер, односно на темно и ладно место.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Рецепти

Пилешко со ароматични зачини готово за половина час

Read more

Со еден мал трик лава колачот секој пат ќе излезе совршено

Read more

Посно, лесно и брзо: Ориз со зеленчук

Read more

Рецепт за имунитет: Јунешко со зелка и целер

Read more
 

Магазин

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Читај повеќе

Кое е најлошо време да се мерите на вага?

Читај повеќе
Четири типа на пријатели

Четири типа на пријатели кои сите ги имаме

Читај повеќе

Постојано критикување - штетна навика која може да ја уништи врската

Читај повеќе

10 најголеми митови за исхраната во кои треба да престанеме да веруваме

Читај повеќе