Десет лица приведени при контрола на седум угостителски објекти во Скопје

Скопје, 17 ноември 2019 (МИА) – Десет лица се приведени вчера и денеска во периодот меѓу 23:00 до 04:00 часот во рамки на операцијата на СВР Скопје, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за труд во која беше извршена контрола во седум угостителски објекти во Скопје.

При преземањето на мерките и активностите приведени се Д.В. (42) од Скопје поради утврдување на идентитет, В.Г. (32) од Скопје, поради омаловажување на полициски службеник при вршење службени дејства, Ј.Ј. поради сторен прекршок по чл.80 од Закон за оружје (поседувал т.н. боксирач) и седум малолетни лица поради присуство во угостителски објекти надвор од законски дозволениот период.

Од страна на полициските службеници констатиран е прекршок по чл.21 „кој овозможува присуство на малолетни лица во угостителски објект подоцна од 24:00 часот„ од ЗППЈРМ , прекршок по чл.75 од Закон за приватно обезбедување и четири прекршоци од Закон за заштита од пушење.

Во еден угостителски објект биле пронајдени полиетиленски кесички со марихуана, кесичка со тврда материја бела боја и таблети, додека во службените простории од угостителскиот објект исто така биле пронајдени полиетиленски кесички со марихуана и полиетиленски кесички со прашкаста материја, за што по целосно документирање ќе се поднесат соодветни поднесоци.

Од страна на Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за труд констатирани се повеќе неправилности во работењето на пет угостителски објекти и тоа: нерегуларности во дневен промет, нерегистрирано вршење на дејност, неправилно и неуредно водење на службена евиденција.

Инспекторите од УЈП, ДПИ и ДИТ дополнително констатирале и два прекршоци по член 3 согласно Законот за заштита од пушење. 

реклама

Ветерани на ОВК го блокираа седиштето на организацијата и фрлаа флаши кон припадниците на ЕУЛЕКС

Read more

Еротски колаж

Read more

20-годишно момче загина во несреќа на Галичица

Read more

Искрени илустрации во кои ќе се препознае секоја девојка

Read more

Хроника

Возач и мигрант ранети при обид да избегаат од полицијата

Read more

20-годишно момче загина во несреќа на Галичица

Read more

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

Read more

Скопјанец обвинет за запуштање и малтретирање на дете​

Read more

Вести

  • play_arrow

Торнадо снимено во Далмација

Читај повеќе

Во САД веќе има 7 милиони заразени со коронавирус

Читај повеќе

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Прв до врв“

Читај повеќе

Обединетото Кралство во следните 4 години во СЗО ќе партиципира со 430 милиони фунти

Читај повеќе

Герила Акција „Стоп за фрлање храна“

Читај повеќе

Папа Франциск: Да се исправат неправдите, да се заштитат сиромашните, мигрантите…

Читај повеќе

Бројот на новозаболени од COVID-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

Читај повеќе

Јубилејно 10. издание на „100 Илјади поети за промена“

Читај повеќе

Посвежо и ветровито со повремен дожд

Читај повеќе