Десет музички документарци на петтиот Скопје синема сити фестивал

Скопје, 3 септември 2019 (МИА) – Филмот „Под влијание“ за Кит Ричардс  вечерва ќе го отвори петтиот Филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ кој до 7 септември ќе се одржува во Кинотеката. Се работи за филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат „срцето и душата на ’Ролинг стоунс’“.

По проекцијата соло-настап ќе има Влатко Стефановски. Во пресрет на фестивалот, организаторот вчера во Музејот на Град Скопје отвори и изложба „Патешествие“ со постери, плакати и промотивни материјали од концерти и албуми на нашиот најпознат гитарист.

Во петте фестивалски денови на годинашниот „Скопје синема сити“ ќе бидат прикажани десет филма со теми поврзани со гитарата  и за автори кои го посветиле животот на овој инструмент. Вечерите на фестивалот се поделени на жанрови. Блуз вечерта ќе биде посветена на Роберт Џонсон и Ерик Клептон, а меѓу двата филма настап ќе има блуз дуото „In the Mood”.

Во соработка со „Гете институтот“ ќе биде прикажан филмот „Романтични војници: Краутрок прв дел“. Краутрок е називот за група култни бендови од Германија популарни во 19‘70-тите години: Can, Neu! Фауст, Крафверк. Вториот филм истата вечер – „Изгубената жица“ е портрет на авангардниот џез-гитарист Марк Рибо и неговите бендови и проекти како дел од даунтаун сцената во Њујорк.

Вечерта на фолк музиката е посветена на фадото од Португалија со „Мадредеуш“ и Ник Дрејк. Завршната вечер е посветена на  рок-бендовите  „Ју-Ту“ и албумот „Joshua Tree” и „Квин“  со „Боемска рапсодија“.

реклама

Филипче ја објави официјалната бројка на новозаразени, вкупно се 180

Read more

Потврдени 177 нови случаи на заболени со COVID-19

Read more

Полицијата била толерантна кон лицата кои биле затекнати на автопат за време на полициски час

Read more

Филипче: Навистина не е тешко да се почитуваат мерките за заштита од коронавирус

Read more

Култура

Стоби очекува олабавување на мерките за да го отвори археолошкиот локалитет и да ги реализира проектите

Read more

Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи во септември

Read more

Со претпазлив оптимизам, фестивалот „Здраво млади“ најавен за 27 август

Read more

Секторот за забава губи 160 милијарди долари поради пандемијата

Read more

Вести

  • play_arrow

Демонстранти запалија полицаец во Мексико

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Филипче: Околу 15 семејства сочинуваат 90 проценти од новозаболените

Читај повеќе

Петровска: По комплетирање на доказите ќе следуваат кривични за случајот на „Боемска“

Читај повеќе

Филипче ја објави официјалната бројка на новозаразени, вкупно се 180

Читај повеќе

Двајца доктори сопружници од „Систина“ позитивни на COVID-19

Читај повеќе

Полицијата била толерантна кон лицата кои биле затекнати на автопат за време на полициски час

Читај повеќе

Откриени 25 мигранти на автопатот Велес-Скопје

Читај повеќе

Потврдени 177 нови случаи на заболени со COVID-19

Читај повеќе