Веќе петта година по ред, сингапурскиот аеродром ја освојува титулата за најдобар аеродром во светот според изборот на SkyTrax World Airport.
Како што пренесува CNN, наградите се доделени врз основа на анкетите спроведени врз неколку милиони патници.
Со оглед на тоа дека ова е петта година по ред како аеродромот во Сингапур ја освојува титулата, дилемите се дали некој некогаш ќе успее да го надмине.
На листата од 10 најдобри аеродроми се најдоа и четири европски аеродроми - Минхен, Цирих, Лондон и Франкфурт.
Ова е целосната листа на најдобрите аеродроми:
1. Сингапур
2. Токио
3. Сеул
4. Минхен
5. Хонг Конг
6. Доха
7. Нагоја
8. Цирих
9. Лондон
10. Франкфурт