Десет намирници за успешна борба со мамурлакот

Утрото после бурна ноќ помината во добро друштво и прекумерна количина на алкохол, речиси секогаш е сериозен предизвик. Причината за состојбата позната како мамурлак е фактот дека нашето тело побавно се ослободува од алкохолот отколку што ние сакаме, а тој процес е проследен со главоболка, замор и слични непријатни состојби.

Секако, за се постои лек или барем методи за ублажување на последиците. Во продолжение прочитајте за некои видови на храна, кои можат да ви помогнат успешно да ја надминете оваа состојба:

1. Банани

Алкохолот ја уништува способноста на организмот да задржува вода, а дехидрацијата предизвикува губење на калиум и натриум. Намирницата која изобилува со натриум и калиум и која лесно можете да ја набавите е бананата.

2. Јајца

Оваa намирница е богата со аминокиселини, кои учествуваат во креирањето на антиоксидансот глутатион. Глутатионот се троши и исчезнува при разградување на токсините, кои доаѓаат во пакет со алкохолните пијалаци, па паметно е да го надоместите во првата прилика, а тоа најефикасно ќе го направите преку консумирање на јајца.

3. Лубеница

Главоболката се создава поради дехидратација и намалена циркулација на крвта во мозокот. Лубеницата му носи голема количина на вода на организмот, како и цитрулин, состојка која ја подобрува циркулацијата на крвта.

4. Краставици

Кога го споменавме губењето на вода, а со тоа и губењето на важни електролити, не откривме која намирница е одлична за процесот на собирање на нови резерви со натриум. Тоа е секако краставицата, која одлично ќе ви дојде после бурна вечер.

5. Мед

Неколку истражувања укажуваат на тоа дека медот, поради богатиот состав кој вклучува фруктоза, може квалитетно да го забрза лекувањето од мамурлак. Иако истражувањата не се конечни, бидејќи постојат индиции дека медот сепак не дејствува онака како што сака личноста која е мамурна, сепак вреди да се проба со една или две лажички.

6. Ореви

Оревите содржат големи количини на магнезиум, кој исто така опаѓа со консумирањето на преголеми количини на алкохол. Околу 70 грама ореви содржат 50 отсто од потребната дневна доза на магнезиум.

7. Спанаќ

Со внесувањето на поголеми количини на алкохол исто така опаѓа и нивото на витамин Б9, а него ќе го надоместите со консумирање на спанаќ. Околу 180 грама спанаќ содржат 66 отсто од дневната доза на витамин Б9.

8. Месо

Алкохолот ја намалува количината на аминокиселини во организмот. Бидејќи телото создава аминокиселини разградувајќи протеини, храната богата со протеини е логичен избор за лекување на мамурлак. Месото е секако овде на прво место.

9. Пилешка супа

Ова е веројатно и најпознатиот лек против мамурлак, кој дејствува благодарение на паралелното внесување на вода и натриум.

10. Кафе

Иако кафето не мора нужно да има позитивно дејство за време на мамурлак, сепак значаен процент на луѓе пријавија голем напредок при пиење на шолја кафе после пијанство.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе