Десет работи кои не треба да ги правите додека возите автомобил

Колку работи од овој список секојдневно ги правите? Обрнете внимание на тоа што може да ви се случи доколку продолжите со лошите навики.

Луѓето секојдневно наоѓаат начин како да завршат некоја обврска плус додека возат. Сето она што нема да стигнете да го направите дома, се обидувате да го направите во автомобилот.

Телефонирате за да не задоцните на терминот кај заболекарот, читате што ви треба за некој состанок, облекувате поубава блуза. Bright Side ги опиша сите 10 работи кои ги правиме, а треба да престанеме бидејќи ќе имаат катастрофални последици.

10. Пеете гласно додека возите

Ниту еден возач не може да одолее на омилената песна на радио. Ова е лоша идеја од една причина- емоциите преовладуваат, возбудени сте од она што го слушате. Високите тонови ќе ви направат да замижите, а само една секунда невнимание може да ве чини живот.

9. Слушалки во ушите

Уште една од лошите идеи е да возите со слушалки во ушите. Нема да ги слушнете сирените зад вас, ниту пак важните најави. Некои луѓе ќе бидат поспани доколку слушаат музика на слушалки.

8. Високи потпетици

На жените се препорачува да имаат рамни чевли во автомобилот со кои ќе можат да возат, бидејќи високите потпетици можат да се заглават и да бидат причина за несреќа.

7. Нозе на контролната табла

Доколку се возите со кренати нозе на контролната табла, престанете да го правите тоа. Доколку дојде до сообраќајна несреќа, најмногу ќе настрада човекот кој се возел во оваа положба.

6. Спиете покрај возачот

Седите на совозачкото седиште и планирате да дремнете? Лоша идеја! Ќе направите и возачот да се чувствува поспано.

5. Пишувате порака или разговарате на телефон

Општо правило кое вреди за сите учесници во сообраќајот. Без пораки и повици додека возите. Ова може да претставува огромен проблем бидејќи го одвлекува вниманието на возачот и може да доведе до сообраќајна несреќа.

4. Вашиот автомобил не е пресоблекувална

Некогаш толку брзате што немате време да се облечете и планираните да го направите тоа во автомобилот. Ви препорачуваме да заборавите на тоа, подобро застанете на паркинг на кој може да се пресоблечете. Нема да пропадне светот доколку задоцните 5 минути.

3. Миленичиња

Се препорачува вашето милениче да не седи блиску до вашите нозе. Миленичињата се непредвидливи и не се препорачува да седат напред во автомобилот.

2. Возење со колена или лакти

Доколку вашиот доручек се наоѓа во вашите раце, не може да го спуштите додека возите. Ова може да биде крајно опасно. Не треба да возите никако поинаку, освен со двете раце на воланот.

1. Читате и возите

Читањето во текот на возењето е опасно. Пишувањето пораки одзема неколку секунди, додека читањето може да биде уште полошо затоа што концентрацијата ја насочувате таму. Пристигнете на посакуваната дестинација десет минути порано и тогаш прочитајте го тоа што треба.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Автомобили

Кои бои на автомобили бea актуелни во 2021 годинa?

Read more

Lamborghini Huracan Turbo или Kawasaki H2R - кој е побрз?

Read more

Погледнете како изгледа батеријата на електричниот Hyundai Ioniq 5

Read more

Сцени од снимањето на новиот Џејмс Бонд: Во главната улога најбрзиот Land Rover

Read more
 

Ново

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе
  • filter

23 април 1014, Ирците ги победиле Викинзите кај Даблин

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе