Десет романи во конкуренција за роман на годината за 2019 година

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2019 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во втората селекција избра десет романи што останаа во конкуренција за оваа награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа 38 романи. Жири-комисијата во првата селекција избра 20 наслови, а сега списокот го скуси на десет романи. Според најавите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, во петок, на 13 март.

Во потесна конукренција за добивање на наградата остануваат „Молчи со отворена уста“ од Снежана Младеновска Анѓелков, „Правта на библиотеките“ од Митко Маџунков, „Мрежата на Мамли“ од Блаже Миневски, „Пагански времиња“ од Драги Михајловски, „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова, „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски, „Години од слама“ од Братислав Ташковски, „Аб’т“ од Оливера Ќорвезироска, „Ура, Арал!“ од Тања Урошевиќ, „Приказни за госпоѓица Сит“, Билјана С.Црвенковска.

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 21 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Жирито што го прави изборот за роман на годината е во состав Николина Андова Шопова, минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата, Милован Стефановски, писател, Весна Мојсова Чепишевска, професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Славе Ѓорѓо Димовски, писател и Катерина Богоева, претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе