Свет

Десетици луѓе заглавени под урнатините на срушена зграда во Мумбај

16. јули 2019 - 13:49 | А.С.

Две лица загинаа, а повеќе од 30 останаа заглавени под урнатините откако четирикатница се сруши во центарот на Мумбај, Индија.

Причината за рушењето на зградата во областа Донгри во јужен Мумбај уште не е позната.

Локалните медиуми објавија дека зградата била стара 100 години и додаваат дека неодамнешните обилни монсунски врнежи можеби се дополнителен фактор за нејзиното рушење.

Се проценува дека во вакви катастрофи гинат околу 2.000 луѓе годишно во Индија.

Лошите стандарди и квалитетот на градбите, како и старите градби за кои уште се даваат дозволи за користење се најчестата причина за овие смртоносни инциденти.

Спасувачки тимови од Противпожарната служба и Националната служба за справување со кризи работат на наоѓање на преживеани под урнатините, објави BBC Marathi.

Локалното население наводно со голи раце копа низ урнатините и се формира човечки синџир за расчистување на остатоците.

Досега се спасени пет лица, меѓу кои едно дете.

Коментирај