Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод

Во автобуската несреќа што утринава се случи на автопатот во близина на наплатните рампи кај Славонски Брод досега има 10 мртви и 45 повредени патници во автобусот со косовски регистерски таблички.

Автобусот сообраќал на линијата Франкфурт-Приштина, а во него имало околу 60 патници.

-Автобусот бил полн со патници, им изјави началникот на сообраќајната полициска станица „Славонски Брод“, Фрањо Галиќ, за новинарите, пренесе локланиот СБ онлајн.

Во првичните полициски информации се говореше за несреќа на автобус со македонски регистерски ознаки и тројца мртви и десетина повредени, но потоа бројката на загинати патници се зголеми прво на осум, за подоцна полицијата да објави дека има десет мртви.

-Ситуацијата е многу тешка и сè уште има голем број патници со повреди опасни по животот, изјави Дамир Брезиќ, портпарол на полицијата во Брод-Посавина.

„За време на истрагата, полицијата утврди дека станува збор за автобус со косовски регистарски таблички и дека, според моментално достапните информации, во несреќата загинале 10 лица, додека неколку десетици се пренесени во болницата во Славонски Брод на лекарско лекување. Повеќе информации ќе имаме откако ќе заврши истрагата, соопшти полицијата.

Хрватскиот авто-мото сојуз соопшти  дека сообраќајот е во прекин. „Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот е во прекин на автопатот А3 Брегана-Липовац, меѓу клучките Славонски Брод Запад и Славонски Брод Исток, во правец кон Липовац“.

Директорот на болницата во Славонски Брод, д-р Јосип Самарџиќ, изјави дека од утрово во болница се примени 45 лица, кои побарале лекарска помош по тешката несреќа на автопатот, а осуммина од нив се со потешки повреди.

За несреќата реакција стигна и од хрватскиот премиер. „Со голема тага ја примивме веста за автобусот што слетал од автопатот кај Славонски Брод, во кој животот го загубија 10 лица. Мислиме на семејствата на жртвите и на косовските власти и луѓе, на кои им изразуваме нашето најдлабоко сочувство и сочувство“, напиша Пленковиќ на Twitter.

Тој додаде дека министерот Вили Берош и шефот на цивилната заштита Дамир Трут биле на пат кон местото за да се запознаат со околностите на несреќата. 

Според тамошните медиуми, почина едниот од возачите. Другиот возач е уапсен, а тој изјавил дека заспал за кратко време.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе