Дешамп го советува Марсијал да направи трансфер во Италија

Францускиот селектор и поранешен играч на Јувентус, Дидие Дешамп, го советува младиот Ентони Марсијал да ја промени средината и од Манчестер Јунајтед да направи трансфер во италијанскиот шампион.

Крилниот напаѓач оваа сезона има многу мала минутажа и неговата позиција во клубот е загрозена со развојот на Маркус Рашфорд и доаѓањето на Алексис Санчез.

Неколкупати досега Марсијал потенцираше дека би сакал да добива поголема минутажа, но Мурињо има поголеми симпатии кон Алексис Санчез, Ромелу Лукаку и Маркус Рашфорд, па Марсијал најчесто добива шанса од клупата.

Неколку клубови веќе покажаа интерес за Марсијал, а 22-годишникот треба внимателно да размисли каде сака да ја продолжи кариерата. Неговиот следен клуб треба да биде некој каде тој ќе биде стандарден првотимец, бидејќи во моментов се наоѓа во незавидна ситуација и не е дел од репрезентацијата на Франција.

Селекторот на репрезентацијата смета дека следна дестинација на Ентони Марсијал треба да биде Јувентус, каде пред повеќе од две децении фудбалската кариера ја градеше и тој самиот. Претходното лето уште еден играч на француската репрезентација, Блејз Матуиди, потпиша за Јувентус, а и тогаш Дешамп имаше голем удел во одлуката.

„Ајде да речеме дека тоа е мое мислење, но играчите не мораат да ме послушаат. Матуиди направи добар потег, а во моментов Манчестер Јунајтед не е подготвен да го продаде Марсијал. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите за неколку месеци“, рече Дешамп.

Последниот гол Марсијал го постигна на 20 јануари и тој беше негов 11-ти во оваа сезона. Во овој момент тој не е дел од француската репрезентација, бидејќи Гризман, Дембеле, Фекир и Жиру имаат предност на списокот на Дешамп.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе