Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Селекторот на Франција, Дидје Дешан, кој најави заминување по Светското првенство во 2026 година, рече дека Зинедин Зидан е „многу добар кандидат, природен“ да биде негов наследник.

„Зизу е многу добар кандидат, и би додал потоа природен, не знам дали ќе му се допадне тоа“, изјави Дешан во интервју за францускиот магазин L'Équipe.

Дешан (56) во јануари најави заминување од репрезентацијата на Франција, која ја води од 2012 година. Оттогаш медиумите зборуваат за Зидан како негова замена.

Зидан во досегашната тренерска кариера (2016, 2017 и 2018 година) со Реал Мадрид освои 3 титули во Лига на шампиони. Тој важи за голем фаворит за наследник на својот поранешен капитен во француската репрезентација, која ја освои титулата на Светското првенство во 1998 година на домашно тло и титулата на Европското првенство две години подоцна.

Во меѓувреме, Дешан и француската репрезентација се соочуваат со серија од два натпревара против Хрватска во март за да се квалификуваат во финалето на Лигата на нации.

Дешан во интервјуто потврди дека во селекцијата сигурно ќе биде и напаѓачот на Реал Мадрид, Килјан Мбапе, иако ги пропушти последните два меѓународни натпревари поради тежок период по пристигнувањето во Шпанија.

Во финансиски спор со неговиот поранешен клуб Пари Сен-Жермен и со проблемот со интегрирањето во Реал Мадрид, францускиот напаѓач според шведските медиуми бил вмешан и во случај на силување, пред локалното судство, кое никогаш не го објави неговото име, да одлучи да ја затвори истрагата кон средината на декември.

„Тој ќе биде тука, ако ништо не му се случи дотогаш. Тој е многу приврзан за француската репрезентација иако имаше тежок период. Се врати и тоа е јасно видливо во неговата игра и во неговиот ум“, рече Дешан и додаде дека Мбапе ќе остане капитен на националниот тим.

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на нации Франција го игра на 20 март на гости во Сплит, додека реваншот ќе биде во Париз три дена подоцна.

реклама

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Koja e идеалната температура за перење на постелнината?

Read more

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Read more

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Read more

Фудбал

7 одлични фудбалери кои се ужас за нивните репрезентации

Read more

Сите голови од вчерашното второлигашко коло

Read more

Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за измама и фалсификување

Read more

Времеплов: Кога Сити стави голман во нападот за да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 одлични фудбалери кои се ужас за нивните репрезентации

Читај повеќе

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите голови од вчерашното второлигашко коло

Читај повеќе

Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за измама и фалсификување

Читај повеќе

Времеплов: Кога Сити стави голман во нападот за да победи

Читај повеќе

Билетарницата на Арената денеска ќе работи од 10 до 18 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс се непрепознатливи: Дончиќ и Леброн добија нова шлаканица, трета по ред

Читај повеќе

Ван Дајк заминува од Ливерпул?

Читај повеќе

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Читај повеќе