Заразниот латино хит „Despacito“ е апсолутен рекордер за оваа година, откако ја проби и границата со 4 милијарди прегледи на каналот YouTube.
Пред само седум месеци, песната за „бавен секс“ стана најпрегледуваната песна на YouTube, надминувајќи ги Виз Калифа со „ See You Again“ и Сај со „Gangnam Style“.
Виз Калифа со песната и спотот посветени на актерот Пол Вокер кој прерано почина во автомобилска несреќа, беше на прво место помалку од еден месец пред да го „прегази“ популарниот „Despacito“, хит што оттогаш доживеа стотина преработки.
Шпанската верзија на „Despacito“ (значи таа без Џастин Бибер), беше поставена на YouTube на 12 јануари и вече достигна магична гледаност од 4 милијарди прегледи, нешто што ѝ нема успеано на ниту една песна досега.
Колку за споредба, Виз Калифа во 2015 година стигна до 3,15 милијарди, а Сај во 2012 година до 2,97 милијарди.
„Despacito“ сруши многу рекорди: прво, рекордот на VEVO за најгледан спот на песна на шпански јазик во рок од 24 часа: 5,4 милиони прегледи.
Спотот исто така за најкратко време стигна до 200 милиони прегледи, а потоа до 2 и до 3 милијарди прегледи.
Минатиот месец песната беше 16-та недела со ред на врвот на листата ТОП 100 песни на Билборд, изедначувајќи го рекордот што повеќе од две децении го држеше песната „One Sweet Day“ (1995/96) на Мараја Кери и „Бојз ту мен“.