„Despacito“ во необична изведба на гумена патка
Веруваме дека оригиналната верзија од најпопуларната песна сте ја слушнале безброј пати, како и нејзини бројни верзии. Оваа е сепак посебна.
Еден корисник на Youtube со гумена патка пред микрофон и веројатно со помош на некој софтвер успеал да ја презентира „Despacito“ на нешто поразличен начин.
Хитот на Луис Фонси во јули оваа година стана најстримуваната песна во историјата на интернетот.
Иако „Despacito“ веќе започна многумина да ги иритира, сепак веруваме дека оваа верзија ќе ви се допадне.