Дестинација од соништата: Егзотичен остров кој е рај за нуркачи
Нуса Пенида е остров кој се наоѓа југоисточно од Бали. Ова островче се наоѓа на надморска височина од 524 метри.
Покрај преубавите песочни плажи, на островот Нуса Пенида ќе можете да видите и преубави пештери, крајбрежни карпи и многу хиндуистички храмови.
За сите љубители на нуркањето Нуса Пенида е вистински мал рај, бидејќи изобилува со неколку локации наменети само за нуркачи.
Ако се одлучите да нуркате на плажата Малибу Поинт, тогаш ќе видите сиви гребени, бели гребени, како и бројни морски кучиња.
До овој остров можете да стигнете бргу од Бали, бидејќи постојат многу траекти и брзи бродови.