
Експерт за врски рече дека има многу „црвени знамиња“ на свадбата кои може да покажат дали бракот ќе трае.
Ако планирате да стапите во брак оваа година, постојат неколку знаци на кои треба да внимавате за да одредите дали вашиот брак ќе трае, вели експертот Анвар Вајт за Business Insider.
За некои, традиција е младенците по сечењето на тортата да се послужат со благото пред да им се послужи десертот на гостите. Вајт рече дека клучот е да се обрне внимание на тоа како парот му пристапува на чинот.
„Ако е љубов, ако е повеќе галење, тоа е една работа“, вели Вајт. Ако младоженецот ѝ шлапне торта в лице на невестата, тоа можеби крие „длабока агресија“ и дека му е удобно да ја понижува партнерката.
„Ако младоженецот е подготвен да го направи тоа пред вашите пријатели и семејството, не можам да замислам што е подготвен да прави во приватноста на вашиот дом“, рече Вајт.
„Кога ќе видам како некој го фокусира вниманието на себе, тоа ми дава до знаење дека таа личност се обидува да ја направи венчавката шоу за себе, а не за брачната заедница“, рече Вајт.
Некои од најуспешните бракови што ги видел Вајт започнуваат со едноставен потпис во матично или понеобични прослави.
Спротивно на тоа, рече тој, некои од најмалку успешните парови направиле огромни свадби кои повеќе личеле на спектакли отколку на автентични прослави на љубовта.
Луѓето кои држат свадбени говори ќе посветат најголем дел од своите забелешки на личноста во парот што најдобро ја познаваат, рече Вајт. Но, некаде во говорот, додаде Вајт, треба барем да се спомене второто лице.
Ако говорникот е фокусиран исклучиво на личноста што му е поблиска, рече тој, тоа може да значи една од двете работи: „Прво, тие не ја сакаат другата личност“, рече тој.
„Тие се држат до старата мантра ако немате ништо добро да кажете, не кажувајте ништо. Или второ, тие не ја познаваат доволно добро другата личност“, додаде тој.