Декорирањето и уредувањето на домот може да биде забавно, но исто така може да се претвори и во кошмар доколку се направат одредени грешки.

Целта е да се создаде естетски пријатен и привлечен простор, затоа погрижете се да ги избегнете овие неколку грешки, пишува The Spruce.
Порано беше модерно да се набави мебел во иста боја, модел и големина. Но, уредувањето на домот и денешните трендови се менуваат од сезона во сезона. Па така, комплетот од ист мебел денес може да изгледа невкусно бидејќи веќе не е во мода.
Изберете тонови кои одговараат на бојата на ѕидовите и мебелот или полиците. Можете да се одлучите и за впечатливо парче доколку собата има неутрални тонови и декорација. Размислете и за опцијата за неколку нивоа на интензитет на светлина за да можете секогаш да ја создадете саканата атмосфера.
Ходникот или влезот во домот треба да изгледа елегантно и софистицирано бидејќи тоа е првото нешто што луѓето го гледаат кога ќе влезат во вашиот дом. Инвестирајте во неколку парчиња функционален мебел и уникатни уметнички дела за да го одржите просторот убав и функционален.
Без разлика дали е премал или преголем, тепхот со погрешна големина, боја и стил ќе го наруши секој простор. Но, тепихот по мерка ќе направи огромна разлика.
Така, за дневната и трпезаријата изберете со поголеми димензии, а за бањата од помалите или по нарачка со елементи. Можете да се одлучите и за опцијата без теписи, што ќе го олесни одржувањето на вашиот дом и ќе има само украсни функции.
Ако имате мали деца, сепак изберете потемни бои за полесно да ги одржувате.
Речиси да нема продавница што не нуди разновидни организатори. Постојат и такви наменети за камуфлирање на разни кабли. Тие се одлични доколку не можете да ги скриете на друг начин. Освен каблите, добар впечаток не остава доколку се видливи и правосмукалките, метлите и сличнте работи.
Обидете се да поставите мала преграда или завеса за да ги покриете или направите простор за поголемите предмети.
Минимализмот може да биде кул, но претерувањето со овој концепт може да создаде нешто да изгледа празно, без содржина.
Секако, не е добро ниту да го пренатрупате ѕидот со слики или полици, па затоа пронајдете златна средина за да одржите свеж и оригинален изглед во вашиот дом.