Северина синоќа била приведена на српската граница поради „спорни“ изјави, а сега се објавени и деталите.

Имено, таа била запрена на граница во 19:35 часот. Откако ја спречиле, полицајците ги повикале инспекторите, кои наводно ѝ поставувале прашања за Операцијата Бура*, Сребреница и поддршката на протестите против ископувањето на литиум, објави Večernji. Како што е познато, Северина во неколку наврати истакна дека во Сребреница имало геноцид извршен од ВРС.
*Операцијата „Бура“ (Олуја) била последната голема битка во Хрватската војна за независност и главен фактор за исходот на војната во Босна.
Споменатиот медиум објави и дека и биле спомнати Јасеновац и Фрањо Туѓман и ја прашале зошто под фотографијата на протестот против ископувањето литиум напишала дека ја сака „таква Србија“.
Таму била до 23 часот и 35 минути, кога побарала да ѝ ги вратат документите и да ѝ дозволат да се врати во Хрватска. Требало да настапи на роденденска забава во Србија во 23 часот.
Пејачката потоа говорејќи за Index детално опиша што се случило.
„Кога ме прашаа за Сребреница, му реков на полицаецот да ги изгугла изјавите на Додик од 2004 година“, рече, меѓудругото, Северина.
Целосната изјава може да се прочита тука.