
Малолетници се степале кај Железничка во Скопје, еден од нив бил вооружен со нож, соопшти МВР.
Вчера во 20:20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на автобуска постојка кај Транспортен центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетници.
По пријавување на настанот, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода излегле на местото и во автобус бр.74 на ЈСП кај малолетник од с.Горно Количани, скопско, бил пронајден и одземен нож.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.