Детална процедура: Што да правите ако се заразите со коронавирус во Грција?

Грчката Национална служба за јавно здравје и Министерството за здравје на Грција објавија насоки и јасни упатства за процедурата во случај на заразување со коронавирусот додека престојувате во земјата како туристи.

Првиот ден кога Грција ги отвори вратите за туристите беа тестирани вксупно 5.889 луѓе, а до петокот беа готови резултатите за 3.611 туристи. Од нив 11 се позитивни, објави ERT1.

Здравствените власти ги нарекуваат овие случаи на COVID-19 „увезени“ и заразените лица се спроведуваат во карантин.

Поради зголемениот број на заразени во нашата земја, Грција ги затвори границите за македонските граѓани најмалку до 15 јули.

Од правец на Бугарија патници смеат да влегуваат во Грција преку граничниот премин Промахонас, додека од другите премини на границата со оваа земја, влезот ќе биде дозволен само во одредени услови.

„Патниците од Албанија, Северна Македонија и Турција ќе можат да влезат во Грција само во одредени околности“, рече владиниот портпарол на 2 јули.

Ако планирате да летувате или да престојувате во Грција, треба да ја знаете следнава детална процедура, во случај да се заразите со коронавирус додека сте таму.

-Ако посетителот се чувствува лошо, треба да го извести менаџерот на хотелот, кој потоа го известува партнерскиот лекар (во поголемите хотели), локалниот лекар или ако лекарот не е достапен, посетителот ќе биде упатен во здравствена установа во која ќе биде префрлен.

-Ако на пациентот му е потребна итна нега, ќе биде префрлен во најблиската здравствена установа како „пациент сомнителен на коронавирус“. Ако случајот е сериозен и здравствениот центар не може да помогне, пациентот ќе биде префрлен со возило на Итната помош во најблискиот референтен центар каде ќе му биде укажана помош и ќе му бидат направени тестови.

-Ако симптомите се благи, ќе се направи тест за COVID-19.

-По тестирањето, пациентот со благи симптоми треба да остане во својата соба додека не стигнат резултатите. Не е дозволен контакт со вработените во хотелот во овој период, а ако е тоа апсолутно неопходно, еден член на персоналот ќе биде назначен исклучиво за таа соба.

-Ако резултатот од тестот е позитивен, здравствениот менаџер на хотелот официјално ќе го пријави случајот на интернет линијата 1135 и ќе го запише во Регистарот на Националната служба за јавно здравје. Пациентот потоа мора да се изолира како потврден случај со COVID-19 во посебен карантински хотел или ќе биде префрлен во болничко одделение ако симптомите се силни.

-Ако тестот е негативен, хотелот или назначениот лекар ќе добијат инструкции за понатамошно лекување и упатства.

-Сите површини на хотелот кои се користат ќе бидат дезинфицирани според посебно пропишани правила.

-Сите кои се во контакт со заразеното лице (членови на семејството, партнер, пријатели) ќе бидат должни да дадат информации за своите активности, да носат маска во секој момент и да се придржуваат до правилата за хигиена.

Ако дојдете во контакт со потврден случај на COVID-19 додека сте во Грција

Насоките предвидуваат дека ако гостин или вработен во хотелот стапи во контакт со потврден случај на заболен од COVID-19, лицето треба да се самоизолира, да не користи јавни установи, да јаде во својата соба и да ја следи постапката опишана погоре.

Патниците се советуваат да ги мијат често рацете, да не го допираат лицето, да носат маска кога е тоа потребно, да ја одржуваат пропишаната социјална дистанца и да се информираат за најновите случувања во врска со пандемијата.

Овие препораки и насоки ги објави Националната служба за јавно здравје и се подложни на промени во зависност од текот на пандемијата со COVID-19.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more
 

Магазин

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе