Дете се возело под автобус од Белград до Загреб

Момче од 12 години се возело од Белград до Загреб закачено под автобус, објави весникот „Слободна Далмација“.

Момчето мигрант успеало во Белград да се пикне под автобус на хрватскиот превозник „Чазматранс“, а според изјавите на очевидци, се сместило во подножјето на возилото и пет часа си го ризикувало животот за да стигне до хрватската метропола.

„Автобусот од Белград тргнал во 11 часот и 30 минути. Некаде пред Иваниќ слушнавме силен тресок под автобусот. Звукот прво беше послаб и потоа сѐ посилен. Кога застана автобусот, малечкиот излезе целиот валкан од просторот меѓу тркалата. Се тетеравеше, се гледаше дека е во шок“, раскажа за „Слободна Далмација“ Анѓелко Нежиќ, патник во автобусот.

Од  „Чазматранс“ го потврдија инцидентот и рекоа дека ова не им е прв ваков случај.

„Можеме да потврдиме дека тоа се случи. Момчето влегло под автобусот во Белград, се фатило со рацете и нозете за осовината што ги спојува задните тркала и така се држело неверојатни пет часа. Ова не ни е прв ваков случај, нешто слично ни се случи неодамна на линијата меѓу Подгорица и Дубровник“, рече Дражен Павловиќ од управата на „Чазматранс“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе