Дете смрзна од студ поради прекинот на струја во Тексас, мајката ја тужи државата

Мајката на 11-годишното момче кое замрзна поради прекин на електричната енергија во нивната подвижна куќа, во поларниот бран што го погоди Тексас, ја тужи државата и бара 100 милиони долари отштета од две големи енергетски компании за небрежност.

Марија Пинеда рече дека Советот за електрична сигурност во Тексас (ERCOT) и Entergy Corp се одговорни за смртта на нејзиниот син Кристијан, кој беше пронајден мртов утрото на 16 февруари во нивниот дом, каде што делел кревет со тригодишниот брат.

Повеќе од 4 милиони луѓе останаа без електрична енергија

Повеќе од 4 милиони луѓе во Тексас останаа без електрична енергија и најмалку дваесет лица починаа кога поларниот студ ја погоди државата минатата недела.

Во тужбата поднесена во саботата, се товарат компаниите дека го игнорирале повикот на регулаторната комисија за енергетика, која издаде специјални препораки по поларниот бран во 2011 година, да се подготват за зимски услови.

Кристијан смрзнал и починал „затоа што електричната мрежа не беше приоритет и снабдувачот со топлинска енергија се работеше исклучиво од профит“, се вели во тужбата поднесена пред окружниот суд во Џеферсон.

Се очекуваат дополнителни тужби

Со години не се инвестира во трошната енергетска инфраструктура, која попушти во вонредни временски услови поради преоптоварување и милиони луѓе останаа без електрична енергија.

ERCOT, кој снабдува скоро 90 проценти од електричната енергија во Тексас, не беше достапен за коментар во понеделникот, според Reuters.

Entergy одби да ја коментира тужбата, но портпаролот рече: „Ние сме длабоко потресени од загубата на животи во нашата заедница“.

Адвокатката Марија Пинеда, која живее во Конро, Тексас, предградие на Хјустон, претставува седум семејства кои ги загубија своите најблиски во ледениот бран.

Се очекуваат нови судски процеси против добавувачите на електрична енергија.

Тексас има дерегулиран пазар на енергија што работи независно од федералниот регулатор.

реклама

Британците збеснаа поради интервјуто на Меган и Хари: Ова е предавство

Read more

Сто факти за вселената во кои нема да ви се верува

Read more

CAT техника - сигурен пат до женски оргазам

Read more

Илон Маск остана без 27 милијарди долари минатата недела

Read more

Свет

Американците очекуваат до 2030 година да имаат жена за претседател

Read more

Колку тешко ќе биде да се најдат поротници за судењето за убиството на Џорџ Флојд?

Read more

Состојбата на слобода во земјите од светот

Read more

Католичката црква е сѐ позагадена: Десетици илјади случаи на сексуална злоупотреба на деца ширум светот

Read more
 

Вести

Марш под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“ по повод 8 Март

Читај повеќе

316 нови случаи од 1.562 тестирања за COVID-19

Читај повеќе

Маж исчезнал во водите на Вардар во близина на ПИОМ

Читај повеќе

Американците очекуваат до 2030 година да имаат жена за претседател

Читај повеќе

Илон Маск остана без 27 милијарди долари минатата недела

Читај повеќе

Приведен крадец од Скопје, извршил 33 кражби во Битола и во Охрид

Читај повеќе

Истражители на СЈО му вршеле закани и притисоци на обвинет во случајот „Тортура”

Читај повеќе

Филипче: Не се предвидени нови рестрикции за угостителските објекти

Читај повеќе

Царовска: Жените просветителки ја создаваа државата, жените просветителки ја градат иднината

Читај повеќе