Чек дис аут

Дете со инвалидитет помогна во спречување грабеж

21. февруари 2020 - 17:55 | Ф.З.

Крадец со нож се обидел да ограби возач на автобус, но на патот му се нашол неочекуван противник: дете со телесен инвалидитет кое храбро застанало во одбрана на возачот.

Снимката е од безбедносната камера над возачот во автобусот на која јасно се гледа целиот настан. Непознатата е локацијата на дешавката, а се шпекулира дека е некаде во Турција.

Детето помага во отворањето и затворањето на предната врата додека возачот физички го совладува крадецот. На крајот и детето со клоци се придружува во одвраќањето на крадецот кој се обидува повторно да влезе во автобусот.

Коментирај