Детето на првата пациентка во Грција и уште едно лице се позитивни на корона вирус

Потврдени се уште два случаи на заболени од новиот корона вирус во Грција, еден кај детето на 38-годишната жена од Солун, другиот кај лице во Атина, со што бројката на случаи во Грција се искачи на три, објави Reuters.

Паралелно, со одлука на министерот за здравство, се откажува традиционалниот карневал во грчкиот град Патра што требаше да се одржи викендов.

По потврдениот прв случај на коронавирусот во Солун кај 38-годишна жена, грчките власти ги идентификуваа луѓето со кои таа стапила во контакт, од моментот кога тргнала од Италија за Грција, па сѐ до приемот во солунската болница.

Состојбата на жената е стабилна. Таа била во посета на Милано, каде присуствувала на тамошната Модна недела.

Според Министерството за здравство на Грција, идентификувани се лицата кои во авионот од Милано до Солун, седеле два редови пред неа, два зад неа, како и лево и десно од нејзиното седиште. Исто така, идентификувани се и лицата, како и семејството со кои била во контакт откако се вратила од Италија. Доколку се појават симптоми, ќе бидат ставени 14 дена во карантин, а не им се препорачува да патуваат.

Паралелно, од Министерството за здравство на Грција, според грчките медиуми, соопштуваат дека се регистрирани многу сомнителни случаи на луѓе кои патувале во северна Италија и се спроведуваат дополнителни анализи.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас вчера во Солун одржа состанок со префектот, градоначалникот, управителите на здравствените периферии од северна Грција, како и претседателот на грчката медицинска асоцијација.

-Организираната држава преку нејзините органи ги следи трагите на луѓето кои овие два дена, беа во контакт со конкретната жена. Исто така со авиокомпанијата, согласно протоколите, и на патниците кои беа на одредени растојанија околу неа, како и екипажот. Би сакал уште еднаш да побарам да има смиреност и соодветно информирање на граѓаните. Ова ќе го сториме со искреност и транспарентност, гледајќи ги граѓаните в очи. Ќе информираме постојано, правилно, смирено за состојбата во јавното здравје. Во никој случај, нема причина за паника, рече Кикиљас по завршувањето на состанокот во Солун.

Според медиумите во Грција, 38-годишната, кај која е констатиран коронавирусот е жена бизнисмен од Солун активна во областа на модата и била на модната недела во Милано, од каде што се вратила во неделата вечерта, а ден подоцна, имала покачена температура, па затоа во вторникот отишла на лекар за да направи испитувања.

Според истите информации, жената, која е доста активна во Солун, во понеделникот веројатно присуствувала на општинскиот совет, па затоа вчера се дезинфицирала просторијата во која се одржал состанокот.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека со заедничка одлука на министрите за здравство и образование, утре, од превентивни причини ќе биде затворено едно основно училиште во Солун. Според грчките медиуми оваа одлука е поврзана со првиот случај на коронавирусот во Грција и 38-годишната жена.

Вчера напладне, портпаролот на Министерството за здравство на Грција и научен соработник во грчката Национална организација за јавно здравје, професорот Сотирис Циодрас, соопшти дека е потврден е првиот случај на вирусот во Грција кај Гркинка која патувала во северна Италија, истакнувајќи дека е „во добра здравствена состојба и ја следи тим од одлични колеги во Солун“.

Веднаш потоа, министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на неговиот официјален Twitter профил рече дека нема потреба од паника.

-Првиот случај на новиот коронавирус во нашата земја е потврден. Тоа беше нешто што го очекувавме. Целосно сме подготвени. Не постои причина за паника, напиша Кикиљас.

А со негова одлука се одложуваат и се отповикуваат редовните отсуства, слободни денови или одмори на вработените во болниците, здравствените установи, како и во самото министерство.

Паралелно, Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција започна со кампања за заштита и превенција на коронавирусот под наслов „Не се плашиме, се заштитуваме“.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе