Детската болница Козле од денеска прима пациенти со COVID-19

Болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле од денеска прима возрасни пациенти заболени од COVID-19, соопшти Министерството за здравство, информирајќи дека се прават последните подготовки за нејзино ствање во функција за прием на позитивни на вирусот.

На располагање се 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од вирусот. Предвидено е во оваа болница да се носат пациенти со полесна и средна клиничка слика. Болницата се доекипира со интернистички и инфектолошки тимови, лекари и сестри, кои ќе дојдат и од Инфективна клиника и од внатрешноста.

– Уште од почетокот на епидемијата во нашата земја болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле беше дедицирана за третман на сомнителни и заболени деца од COVID-19. Во моментот во Болницата се сместени три дечиња сомнителни на вирусот, чии резултати од тестови се чекаат. Од утре болницата ќе врши прием и на возрасни пациенти заболени од COVID-19, соопшти вчера Министерството за здравство.

Покрај на Инфективната клиника, болницата „8 Септември“ која функционира како COVID-центар, сомнителни и заболени пациенти со коронавирус се лекуваат и во болниците во Куманово, Тетово, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, а се подготвува и ковид-центар во Кавадарци.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе