Бизнис

Deutsche Bank ќе отпушти 18.000 вработени

8. јули 2019 - 13:49 | МИА/КАЈГАНА

Deutsche Bank најави дека до 2022  година ќе отпушти 18.000 вработени, или околу петтина од вкупниот број на вработени, во рамки на новиот круг од  процесот на реструктурирање, објави BBC.

Банката објави дека реструктурирањето до 2022 година ќе вклучи „намалување на работната сила“ на околу 74.000 вработени.

Отпуштањата би можеле да придонесат за намалување на годишните трошоци за 6 милјарди евра до 2022 година.

Банката исто така планира да го укине работењето со акции на глобално ниво и да го намали инвестициското банкарство.

Како резултат на трошоците за реструктурирање во вториот квартал се очекува нето загуба од 2,8 милијарди евра. Од Deutsche Bank наведуваат дека најавеното реструктурирање до крајот на 2022 година може банката да ја чини 7,4 милијарди евра.

Deutsche Bank пред 10 години беше погодена од тешка финансиска криза. Оттогаш се обидува да оствари профит во согласност со новите безбедносни одредби што им се наметнати на сите банки.

Коментирај