Девет концерти во шест дена на 18. ОФФест

Скопје, 23 април 2019 (МИА) – Фестивалот ОФФест годинава ќе се одржува во рекордни шест дена, од 3 до 8 јуни, и ќе понуди девет концерти и еден документарен филм, соопшти организаторот – Скопски џез-фестивал.

Осумнаесеттото издание на ОФФест на 3 јуни во МОБ ќе го отвори виртуозниот дует на велшката харфистка Катрин Финч и сенегалскиот кора-мастер Секоу Кеита, како и концертната премиера на новиот материјал на македонскиот музичар со њујоршка адреса Крсте Роџевски, кој ќе настапи со неговите најблиски музички соработници од њујоршката џез-сцена.

„На 4 јуни во МКЦ ќе се слави музиката од Мали, најпрвин со прикажување на документарниот филм ‘Mali Blues’, а потоа и со концертот на единствениот Басеку Кујате и неговиот бенд ‘Ngoni Ba’, промовирајќи го својот најнов, одлично оценет албум ‘Miri’. Звукот на Мали ќе одекнува и следната вечер, на 5 јуни во МОБ, со настап на најголемата ѕвезда на годинешниот ОФФест, атрактивната африканска дива Фатумата Дијавара“, соопшти организаторот.

Во рамките на програмата „Balkan Fever Night”, на 6 јуни во МКЦ ќе настапат претставниците на „унгарската тамбура“ Sondorgo и нашиот Џамбо Агушев со неговиот многуброен дувачки оркестар.

Претпоследната вечер (7 јуни, МКЦ) е посветена на модерната интерпретација на традиционалното, претставена низ аудиовизуелен перформанс на либанската група „Love And Revenge“ и „Romperayo“ од Колумбија.

Годинeшниот ОФФест, за  кој влезниците ќе бидат пуштени во продажба денеска, ќе заврши на 8 јуни во клубот „Епицентар“ со ексклузивен полноќен диџеј-сет на Daddy G од „Massive Attack“.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе