Девет лица во Гевгелија не ги почитувале здравствените прописи за Covid-19

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.

Според обвинителството, четворица од нив, допатувале на 18 март во земјава од Грција, Турција и Бугарија, како земји со среден или висок ризик за зараза согласно Листата на Светската здравствена организација.

– При влез во земјата биле запознаени со мерката за задолжителна самоизолација согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус Covid-19 и потпишале изјави за самоизолација. При извршена проверка од страна на полициски службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во престојувалиштата каде требало да ја извршат должноста за самоизолација, со што ја прекршиле дадената мерка и го сториле кривичното дело, се вели во соопшетнието на Јавното обвинителство.

Обвинителството му предложи на Судот на секој од обвинетите да им бидат изречени парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Воедно и други пет лица во Гевгелија ја прекршиле Одлуката на Владата за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење на населението од 21 до 5 часот наредниот ден.

– Тие во одделни настани биле затекнати како управуваат или патуваат со патнички моторни возила, со што го сториле кривичното дело кое им се става на товар. ​За секое од петте обвинети лица Обвинителството му предложи на Судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност, информират од обвинителството. 

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе