Кристијано Роналдо се врати во Торино и се подготвува за продолжување на сезоната во италијанското првенство, а на терените ќе се врати со нов имиџ.
Познат по неговите „скоцкани“ фризури што често се копирани од фановите, Роналдо на средината на сезоната ја замени секогаш уредно потстрижаната коса со пунџа, но се чини и тоа му досади, па проба нов имиџ.
Синоќа на Instagram објави фотографија на која ја пушти косата слободно да му паѓа околу лицето во брановидни кадрици и ги праша фановите: „Одобрувате?“
Судејќи по петте милиони лајкови што ги доби во првите 15 минути, фановите се задоволни. Утрово бројката е над 9,8 милиони лајкови.
Останува да видиме дали Роналдо останал во форма и променил нешто и во неговата игра, со оглед на тоа дека напорно тренираше додека беше во самоизолација.