Хроника

Деветгодишно дете повредено во сообраќајка

5. ноември 2018 - 15:01 | МИА

МВР соопшти дека во текот на вчерашниот ден е прегазено деветгодишно дете во Скопје.

Во 14:00 часот на  улица „Знеполе“ Б.А.(66) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки удрил во деветгодишно дете од Скопје. 

По незгодата детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментирај