Непознат сторител успеал да украде деветнаесет пиштоли и девет ловни пушки од продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали лоцирана во Градскиот трговски центар во Скопје.
Како што информираат од МВР, вчера било пријавено дека во временски период од 07-ми до 09-ти овој месец од продавницата биле украдени 19 пиштоли марка „глок“, „берета“, „хеклер и кох“ и девет ловни пушки марка „берета“, „фабарм“ и „моеберг“ и „диана класик“ (воздушна пушка).
Крадецот преку ова злосторство се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.600.000 денари.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и превзема мерки за целосно расчистување на случајот.