летни олимписки игри париз 2024

Деветти пат сруши рекорд, па позираше како турскиот олимписки пиштолџија

Неверојатниот Швеѓанец Арманд Дуплантис синоќа во Париз го собори светскиот рекорд во скок со стап по деветти пат во кариерата и со тоа стигна до златниот медал на Олимписките игри.

Дуплантис ја прескокна шипката на нереална висина од 6,25 метри и повторно се надмина себеси, соборувајќи го светскиот рекорд по деветти пат на само 24 години.

Дуплантис синоќа не само што ја воодушеви публиката со својот скок, туку и со прославата на новиот рекорд бидејќи реши да го имитира Јусуф Дикеч, човекот кој стана вистинска сензација на летните Олимписки игри.

Armand Duplantis hit the Yusuf Dikec stance en route to a new world record 🔫🥶 Legend recognise legend 🤝

Posted by BBC Sport on Monday, August 5, 2024

Дикеч се натпреваруваше во гаѓање со воздушен пиштол на десет метри, каде заедно со Шевала Тархан ѝ донесе сребрен медал на Турција откако загубија од Србија во одлично финале.

Дикеч ги освои симпатиите на навивачите бидејќи пукаше без дополнителна опрема, освен чепчиња за уши, а другата рака ја држеше во џеб додека ја погодуваше целта.

По синоќешниот скок, Дуплантис застана и го имитираше ставот на Дикеч, а фотографиите веќе станаа хит на социјалните мрежи.

Инаку, Американецот Сем Кендрикс синоќа го освои среброто со скок од 5,95 метри, а Емануил Каралис со бронза со скок од 5,90 метри.

Дуплантис првпат го собори светскиот рекорд во февруари 2020 година, кога ја прескокна шипката на височина од 6,17 метри и оттогаш седум пати по ред се подобруваше за еден сантиметар.

Тагови
реклама

Девојка прегазена на пешачки премин пред „Дајмонд мол“ во Скопје

Read more

Украинците се повлекоа од Русија, објавена е снимка: Тоа беше како хорор филм

Read more

Осомничен за пожарот во Кочани: Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот

Read more

Тошковски: Лицето кое ракувало со пиротехничките средства загинало во пожарот

Read more

Останати спортови

Ника Превц постави светски рекорд во ски-скокови

Read more

Обид за измама во ски-скокови: Норвежаните на столбот на срамот откако беа разоткриени

Read more

Словенија има брат и сестра кои се светски шампиони

Read more

Голем успех на Трајковски, го освои осмото место на ЕП во сала

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ маестрален во победата на Лејкерс над Санс

Читај повеќе

Во пожарот во Кочани загина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров

Читај повеќе

Гризман ќе го напушти Атлетико

Читај повеќе

Анчелоти се закани: Последен пат играме ваков натпревар

Читај повеќе

Шпански новинар: Модриќ може да му држи приватни часови на Мбапе

Читај повеќе
  • play_arrow

Ника Превц постави светски рекорд во ски-скокови

Читај повеќе

Алими: Ме чека 30 часа пат, но ќе го дадам максимумот за Македонија

Читај повеќе

Црвена звезда јубилејниот роденден ќе го прослави во жолти дресови

Читај повеќе

Кратка приказна за комунистот што играше за клуб со навивачи фашисти

Читај повеќе