Девојче го одушеви светот со реален говор за климатските промени

Конференцијата COP24 во Полска за климатските промени заврши со многу отворени прашања и голема загриженост за последиците од глобалното затоплување и загаденоста.

Грета Танберг е 15-годишна девојка од Шведска која одржа недвосмислен говор на конференцијата што ќе остане запаметен и се надеваме ќе ги натера „големите играчи“ да се замислат каква планета им оставаат на идните поколенија.

„Јас сум Грета Танберг. Имам 15 години и доаѓам од Шведска. Овде пред вас зборувам за вистината во врска со климатските промени. Многу луѓе велат дека Шведска е мала земја и дека не е важно тоа што го правиме ние. Меѓутоа, јас научив дека никогаш не си толку немоќен за да не можеш да смениш нешто. Ако неколку деца добија медиумско внимание само заради тоа што не се појавиле на училиште, замислете што може да направиме заедно, ако сакаме. За да успееме во тоа, мора да зборуваме јасно, без разлика колку е тоа непријатно“, рече Грета, која живее со Аспергеров синдром.

„Вие зборувате само за идеи за економски раст на тема нови зелени површини ширум светот, бидејќи се плашите од лош публицитет. Зборувате само за развивање лоши идеи кои нѐ доведоа до овој хаос, кога единствената разумна постапка е итно да ја повлечеме кочницата и да запреме сѐ. Не сте доволно зрели за да ја признаете оваа вистина, иако нам, на децата, ни го оставате тој товар. Но, мене не ми е важно дали ќе бидам популарна, туку ми е важна вистината за климатските промени и нашата планета.“

Грета порача дека нашата цивилизација се жртвува во име на една мала група луѓе што заработува огромни суми пари.

„Се жртвува нашата биосфера, за да може богатите луѓе во мојата земја да живеат во луксуз. Патењето на мнозинството го плаќа луксузот на неколкумина избрани. Мојот 75-ти роденден ќе го прославам во 2078 година и ако имам деца можеби тој ден ќе го поминам со нив. Можеби ќе ме прашаат нешто за вас. Можеби ќе ме прашаат зошто ништо не направивте, кога имало време за тоа...“

Целиот говор на Грета погледнете го во видеото:

реклама

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе