Девојче почина поради предизвик на TikTok, започната истрага во Италија

Јавното обвинителство во Италија започна истрага поради смртта на 10-годишно девојче, кое учествувало во т.н. „игра на задушување“ на социјалната мрежа TikTok.

Неколку часа откако се дознало за смртта на девојчето, што предизвика гнев низ целата земја, Бирото за заштита на податоци во Рим одлучи TikTok, доколку не може со сигурност да ја провери возраста на корисниците, да биде блокиран најдоцна до 15 февруари.

Иако според правилата на TikTok корисниците не можат да бидат помлади од 13 години, компанијата не го спречила девојчето од 10 години да креира свој профил, соопштија италијанските власти.

Девојчето од Палермо се заклучило во тоалетот и снимало со телефонот додека појасот од бањарката го стегало околу вратот, учествувајќи во предизвикот на TikTok, чија цел било колку е можно подолго да се издржи без воздух. Нејзината петгодишна сестра ја пронашла во бесвесна состојба. Докторите се бореле за нејзиниот живот, но не успеале да ја спасат.

Јавното обвинителство во Палермо покрена истрага поради поттикнување самоубиство.

Италијанските власти наведуваат дека на платформата TikTok ѝ „недостасува доволно внимание за заштита на малолетниците“ и го осудија лесниот пристап преку кој децата можат да се пријават на апликацијата.

Платформата за споделување видео содржини е во сопственост на кинеската компанија ByteDance и е многу популарна меѓу тинејџерите во светот. Во Европа има околу 100 милиони корисници.

„Безбедноста на TikTok заедницата е наш главен приоритет. Подготвени сме во секој момент да соработуваме со властите во врска со истрагата за смртта на девојчето“, соопшти TikTok.

Тагови
реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Интернет

Никој не ги побара, ама игри ќе има и на LinkedIn

Read more

Што се случува кога ќе кликнете „Не сум робот“?

Read more

YouTube воведе голема промена

Read more

Русија гради свој Starlink: Сигналот ќе стигне до секој агол на Земјата

Read more
 

Гик

Никој не ги побара, ама игри ќе има и на LinkedIn

Читај повеќе

Откриена непозната планета со океани што вријат, вода врела како за готвење

Читај повеќе

SpaceX произведува стотици шпионски сателити за американската влада

Читај повеќе

Откриен џиновски вулкан на Марс - како не сме го виделе досега?

Читај повеќе
  • filter

Поголем е од Boeing 747-8: WindRunner станува најголемиот авион во светот

Читај повеќе

PlayStation 5 Pro е до трипати побрз, се очекува на крајот на годината

Читај повеќе

Треба да јадеме питони, велат научниците

Читај повеќе

Што се случува кога ќе кликнете „Не сум робот“?

Читај повеќе
  • play_arrow

Научници во Јужна Кореја измислија „говедски ориз“: Би можело да го замени месото

Читај повеќе