Шетајќи по плажа на југот на Велс, 10-годишното девојче Теган сосема случајно пронашло отпечатоци од диносаурус, стари повеќе од 200 милиони години.

Теган го истражувала брегот во Пенарт заедно со нејзината мајка Клер, кога открила 5 огромни отпечатоци од стапалки на растојание до 75 сантиметри. Се верува дека ги оставил голем тревојаден диносаурус од доцниот тријас.
Експертите го идентификуваа ова суштество како член на семејството сауроподоморф, група диносауруси со долг врат кои некогаш талкале по Земјата.
Откритието предизвика возбуда кај палеонтолозите, а кустосот на Националниот музеј на Велс, Синди Хауелс, верува во автентичноста на отпечатоците.
„Гледаме отпечатоци од левата и десната нога со еднакво растојание меѓу нив.
Клер е исто толку возбудена како и нејзината ќерка.
„Беше толку возбудливо, шетавме наоколу и гледавме што можеме да најдеме. Не очекувавме многу, но ги најдовме овие големи дупки кои личеа на отпечатоци од диносаурус. Направив неколку фотографии и ги испратив во музејот, и излезе дека ги оставил зад себе диносаурус со долг врат“, рече таа.
Ова откритие го привлече вниманието на научната заедница и се смета за многу значајно. Палеонтолозите продолжуваат да ги проучуваат стапалките.