Тригодишно девојче од Атланта, при средба со папата Франциско, успеа да му ја тргне капата и да го насмее него, но и сите присутни на настанот.
Додека девојчето било на посета во Ватикан, заедно со родителите, на плоштадот минувал папата кој се поздравил со нив, а љубопитното девојче со еден потег успеа од срце да го насмее папата. Видеото од настанот стана хит на социјалните мрежи.