Хроника

Девојка од Вевчани тешко повредена во сообраќајка

13. септември 2019 - 16:27 | МИА

Вчера во 11:30 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, кај село Велешта, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А. В. (30) од Струга и патничко возило „форд“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М. Д. (24) од село Вевчани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М. Д. и била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „форд“, А. Д. (60) од село Вевчани и А. В., по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струга.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

Коментирај