Чек дис аут

Девојка потроши два џокери на најлесното прашање во „Милионер“

10. август 2018 - 12:14 | А.С.

Првите неколку прашања во квизот „Кој сака да биде милионер?“ обично се многу лесни, но тоа не значи дека нема луѓе кои се „лизнале“ токму на нив.

Тоа ѝ се случи на една млада натперварувачка во Турција која се измачи на четвртото прашање во домашната верзија на планетарно популарниот квиз.

На прашањето за 3.000 лири (околу 27.000 денари), 26-годишната Су Ајхан требаше да одговори на прашањето „Каде се наоѓа Кинескиот ѕид?“ а понудените одговори беа: Кина, Индија, Јужна Кореја и Јапонија.

Со оглед на тоа дека одговорот се содржи во самото прашање, многумина беа зачудени кога девојката побара џокер „Прашај ја публиката“.

Тука работите дополнително се заплеткаа. Само 51% од публиката одговори точно на прашањето, што уште повеќе ја збуни девојката која одлучи да искористи уште еден џокер.

За среќа, нејзиниот пријател уверливо го знаеше точниот одговор, па ја спаси од понатамошно срамење.

Су падна веќе на следното прашање за името на изведувачот на популарна песна во Турција.

Девојката, но и публиката во студиото, веднаш станаа мета на потсмев на интернет, а турските корисници на социјалните мрежи рекоа дека ова се должи на лошиот образовен систем во земјата.

Коментирај