Девојки, победете го стравот и влезете во теретана

Едно најново истражување покажа дека секоја четврта жена се плаши да влезе во теретана, па затоа не оди во теретана дури и кога веќе платила членарина.

Секое заминување во теретана за жените е застрашувачко затоа што постои можност да бидат предмет на потсмев.

Скоро половина од жените кои учествувале во анкетата спроведена во Велика Британија изјавиле дека најмалку еднаш се почувствувале така кога биле во теретана.

Девојките на возраст меѓу 18 и 24 години најмногу се плашат дека другите луѓе во теретаната ќе им се потсмеваат за тоа како изгледаат и како вежбаат, пренесува Metro.

Во анкетата која ја спроведе компанијата Sure Women учествувале 2.000 жени. Дури 37% од нив се плашат дека не се доволно фит за да одат во теретана, a 28 проценти се плашат дека не се привлечни додека вежбаат.

Секоја трета испитаничка се плаши дека некој ќе ѝ се смее доколку не вежба правилно.

Поголемиот број од анкетираните се откажале од вежбањето и останале дома, избегнувајќи било каков вид на физичка активност, што има општи последици по нивното здравје.

Најчести причини поради кои жените не одат во теретана се: немаат пари за членарина, вежбањето им изгледа застрашувачко, страв им е дека нема да се вклопат и загрижени се што мислат другите луѓе.

Меѓу најчестите изговори се: „не знам да вежбам на справи“, „се плашам дека премногу ќе се испотам“, „не сум во добра форма за да вежбам пред други“ и „не изгледам убаво во спортска облека“.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Пост на вода - рецепт за вкусни посни плескавици

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Фит

Тајната на исхраната на Моника Белучи - на 60 години има совршена линија

Read more

Дали јаболковиот оцет сепак делува? Научници тврдат дека се слабее 8 килограми за 12 недели

Read more

Дали воопшто треба да слабеете?

Read more

Зошто пешачењето е подобро за метаболизмот отколку одењето во теретана?

Read more
 

Магазин

Дерматолог открива каде најмногу грешиме со негата на кожата во пролет

Читај повеќе

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Читај повеќе

Бременост после 40-тата: Што треба да знаете?

Читај повеќе

Како пролетното чистење делува на нашата психа?

Читај повеќе

Има повеќе видови отколку што мислевте: Зошто треба да јадете ротквици?

Читај повеќе
  • filter

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Читај повеќе

Белуга китови, мразокршач и класична музика - необична морска приказна

Читај повеќе
  • play_arrow

Храна што неверојатно го намалува холестеролот и ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ќе ја решите Ајнштајновата загатка? Успеале само 2% од луѓето

Читај повеќе