Дезинформациите за коронавирусот убија најмалку 800 луѓе ширум светот

МИА/КАЈГАНА
/ 13.08.2020 / 08:31

Најмалку 800 луѓе починале низ целиот свет поради дезинформации поврзани со коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научници.

Според студија објавена во Американскиот журнал за тропска медицина и хигиена, околу 5.800 луѓе биле примени во болница како последица на лажни информации на социјални медиуми.

BBC објави дека многумина починале затоа што пиеле метанол или алкохолни средства за чистење. Тие погрешно верувале дека овие производи се лек за вирусот.

Светската здравствена организација (СЗО) претходно објави дека „инфодемијата“ околу COVID-19 се шири толку брзо како и самиот вирус, а теориите на заговор, гласини и културна стигма придонесуваат за смрт и повреди.

Remote video URL

Многу од жртвите следеа совети кои потсетуваат на веродостојни медицински информации – како што се јадење голема количина лук или голтање големи количини на витамини – како начин да се спречи инфекцијата, велат авторите на студијата.

Други пиеле супстанции како што е кравја урина. Сите тие дејства имаа „потенцијално сериозни последици“ за нивното здравје, велат научниците.

Светската здравствена организација вчера апелираше до младите луѓе да помогнат во борбата со инфодемијата со тоа што ќе го спречат ширењето на лажни вести на социјалните мрежи и ќе им помогнат на постарите да ја сфатат пандемијата и попаметно да ја користат технологијата.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе