Дибала не сака ни во Јуве, ни во Интер, мерка голем трансфер во Англија

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала е на излез од Јувентус, а според тврдењата на добро упатениот италијански новинар Танкреди Палмери, Интер стапил во контакт со „старата дама“ и одличниот напаѓач.

Екипата од Торино е подготвена да го продаде Аргентинецот на својот голем ривал, но Дибала се чини не сака ни да чуе за преминување во миланскиот клуб.

Дибала не сака ни да остане таму каде што е и подготвен е за трансфер летово, иако има договор до летото 2020 година.

Неговиот нов тим би требало да биде Манчестер Јунајтед која сака следната година да атакува и во Премиер лигата и во Лигата на шампиони, па управата реши да доведе неколку врвни засилувања.

Едно од нив би можело да биде 25-годишниот Дибала, за кого Јувентус бара 100 милиони евра, што според Палмери нема да биде проблем за Јунајтед.

Напаѓачот на Јувентус е решен да се пресели во Англија, а за тоа ќе има уште една шанса покрај Јунајтед – за него е заинтересиран и Ливерпул.

Дибала во дресот на Јувентус во неполни четири сезони одигра 175 натпревари и постигна 77 голови.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе