Дибала се додворува: Среќен сум во Јуве, ама кој не би сакал во Барса?

Ф.З.
/ 09.06.2020 / 11:33

На аргентинскиот напаѓач му се допаѓа идејата да игра во Барселона и тоа со својот репрезентативен колега Лео Меси, иако среќен е и во Торино.

Пауло Дибала проговори околу продолжувањето на договорот со „Старата дама“, но во истровреме и ѝ се додворуваше на Барселона која, пак, е во потрага во напаѓач.

„Среќен сум што сум во Јувентус, го обожавам ова место кое ми даде толку многу љубов. Многу сум стимулиран од страна на клубот, имам одличен однос со претседателот и би можеле да го продолжиме договорот кој истекува за година и пол. Но, тоа секако зависи и од Јувентус. Засега нема ништо околу продолжувањето, со оглед на тоа што се случи и со коронавирусот. Сепак, други фудбалери ги продолжија договорите. Ќе почекаме и ќе видиме“, вели Дибала.

Аргентинскиот голгетер говореше во интервју за CNN. Вели дека би му се допаѓало да игра со Лео Меси и на клупско ниво, покрај обврските во репрезентацијата кои сепак не се многу чести.

„Барса е неверојатен клуб. Би било убаво да играм таму, со Меси, сепак, кој не би сакал да игра во Барса. Но, и Јувентус е богат со историја и големи шампиони. А со играчи од калибарот на Буфон и Роналдо, сигурно немаме недостаток на генијалци“, изјави популарниот „Ла Хожа“.

Дибала е во Торино од 2015 година кога дојде од редовите на Палермо. Досега одигра 216 натпревари за „Бјанконерите“ во сите натпреварувања и постигна 91 гол. После 5 години во Јуве, можеби е време за промена. Барса одамна е заинтересирана за неговиот сограѓанин Лаутаро Мартинес, но додворувањето на Дибала може да ги однесе работи во нов правец.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more
 

Ново

  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе