Во година во која се појавија голем број сериозни кандидати за наградата за најдобра игра, „God of War“ успеа да ги импресионира критичарите, медиумите, но најважно – гејмерите. Таа беше прогласена за видеоигра на годината на доделувањето на Dice Awards.
„God of War“ ја одбележа вечерта на доделувањето на Dice Awards и креаторите на оваа игра си заминаа како најголеми победници од настанот.
Покрај наградата за најдобра игра на годината, „God Of War“ освои уште девет награди од вкупно 23 категории. Помеѓу најважните награди се онаа за извонредно достигнување на полето на видеоигри, дизајн, приказна и оригинална музика, а од студиото Santa Monica, кое стои зад играта, изјавија дека се презадоволни од нејзиниот успех.
Заради споредба на успехот на „God of War“, на минатогодишното доделување на Dice Awards за најдобра игра беше прогласена „The Legend of Zelda: Breath of the Wild“ и таа освои „само“ четири награди од 23-те категории.
Она што ги изненади критичарите е отсуството на „Fortnite“ и „Red Dead Redemption 2“ помеѓу наградените игри во неколку категории. Двете игри освоија само по една награда, а истото важи и за „Marvel’s Spider-Man“.