Диего Марадона доби споменик во Буенос Аирес

Eден ден по роденденот на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, вчера во Буенос Аирес беше откриена негова статуа висока 2,8 метри. Марадона завчера наполни 58 години.

– Скулптурите обично се подигаат во чест на починати, а Диего е жив. Тој ја заслужува почитта додека сѐ уште е жив, и луѓето би требало да знаат дека неговиот роден крај секогаш ќе го памети, изјави директорот на Комисијата за историски истражување во Ла Патернал, Алберто Перез.

Споменикот е поставен до стадионот на Аргентинос јуниорс, каде што Марадона ја почна фудбалската кариера, и тој е олицетворен со дрес од неговиот матичен клуб.

Потоа тој играше и за Бока јуниорс, Барселона, Севиља, Наполи (со кој  освои и две титули) и Њуелс бојс. Кариерата ја заврши во Бока во 1997 година. Со својата Аргентина го освои Светското фудбалско првенство во 1986, и играше во финалето четири години подоцна. Од 2008 до 2010 беше и селектор на националниот тим.

Некогашната фудбалска ѕвезда не присуствуваше на свеченото откривање на споменикот.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Read more
 

Спорт

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Читај повеќе