Различни диети или строги режими на исхрана ви нудат намалување на телесната тежина, но многу од нив се базираат на храна што не е достапна за секого.

Цвеклото, од друга страна, е лесно достапна и евтина намирница кај нас.
Со следење на оваа рестриктивна диета би требало да изгубите пет килограми за една недела. Важно е да се напомене дека треба да се применува само една недела и не претставува траен режим на исхрана. За уште подобри резултати, вклучете физичка активност во вашата дневна рутина, како прошетка од 30-50 минути со средно или брзо темпо.
За време на диетата, многу е важно да се користи сокот од цвекло, кој се меша со сок од портокал. Овој сок треба да се пие двапати на ден - 20 минути пред ручек и вечера. Подгответе го од 1 свежо цвекло и 1 голем портокал. Овошјето треба да се исцеди во соковник.

Цвеклото е вистинско складиште на корисни материи. Богато е со производи корисни за кожата и косата - антоцијанини и бетоин, како и витамини и минерали кои го активираат метаболизмот, го прочистуваат и ги отстрануваат токсините. Калоричната содржина на цвеклото е 42 kcal на 100 грама производ. Цвеклото може да се консумира во каква било форма: сирово, варено, печено.

Прв ден
Појадок: шолја чај или кафе без млеко, две парчиња тостиран интегрален леб
Ручек: салата од цвекло, малку варен ориз
Вечера: јаболко
Втор ден
Појадок: јогурт со ниска масленост
Ручек: печено цвекло и парче варени/печени пилешки гради
Вечера: две киви
Трет ден
Појадок: зелен чај, парчиња тостиран интегрален леб
Ручек: салата од цвекло, варена риба
Вечера: варен зеленчук
Четврти ден
Појадок: јогурт со житарки
Ручек: цвекло со риба
Вечера: салата од зеленчук со свежо цвекло
Петти ден
Појадок: чај или кафе без млеко, 1 варено јајце
Ручек: салата од морков, варен ориз
Вечера: зеленчук на скара
Шести ден
Појадок: кафе или чај, 2 јајца
Ручек: салата од цвекло со маслиново масло, малку урда, павлака или сирење
Вечера: пире од компири

Седми ден
Појадок: јогурт со житарки
Ручек: цвекло со пилешко месо
Вечера: варен ориз, јајце и домат.