21. МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ

[Дигитален Моден викенд Скопје] Блерта Османи е новата надеж на македонската модна сцена

Александра Спасеска
/ 21.05.2020 / 16:48

Оваа сезона на Моден викенд Скопје ја следиме дигитално, со смартфонот во рака и во далеку понегламурозно издание од она во кое би се појавиле пред фотографите на најголемиот моден настан кај нас.

За модните новинари и познавачи, тоа не ја прави возбудата побледа, ниту пак ентузијазмот за иднината на нашата модна сцена помал. Со нетрпение го очекуваме секое следно видео и фотографија објавени на социјалните мрежи на FWSK.

Ако има една колекција од оваа сезона на МВСК за која жалам што нема да ја видам како живее на писта, тоа е Vibrant Muse на младата и талентирана Блерта Османи.

Со диплома по економија и на пат да дипломира на отсекот за моден дизајн на American University of Europe – FON, Османи покажува дека ги има главните адути за успех во модниот бизнис. Со една колекција зад себе, 25-годишната креативка од Куманово првпат се претставува на МВСК и интригира од првиот кадар во видеото преку кое, како и сите други брендови и дизјанери сезонава, ја претстави колекцијата.

Инспирирана од мексиканската култура, уметноста и неповторливите автопортрети на Фрида Кало, таа раскажува една колоритна приказна со зрелост на изграден автор. Нејзините креации се вешто изработени до најситен детаљ, на моменти потсетувајќи на делата на руската дизајнерка Улијана Сергеенко и на светски познатиот моден двоец Dolce & Gabbana, но во нивната естетика се недвојбено индивидуални и го дефинираат нејзиниот сопствен стил.

Колекцијата составена претежно од фустани, една комбинација на кошула-корсет со кратки панталони и лежерна верзија на женскиот дводелен костим со панталони, не е само омаж на специфичниот стил на Кало – Османи има оставено повеќе од доволно од својот дизајнерски печат, посветувајќи еднакво внимание на силуетите и на рачните доработки и детали. Токму везовите го даваат оној специфичен спој на традиционална вештина во модерна форма, што ја прави оваа колекција впечатлива, а сепак нослива, а Османи - новата надеж на македонската модна сцена.

Нејзината целна публика се жени со слободен дух, страст за животот и смелост во модниот избор, кои не се плашат да се истакнат во толпата и сум сигурна дека со гордост ќе носат препознатлив домашен дизајн.

Remote video URL

Шминка: Farmasi и Марија Лазарова

Фризура: Revlon Professional

Фотографија: Света Богова Јовановска

Постпродукција: Греса Османи

Кастинг: Виктор Цветановски

Модели: Aндријана Илиоска, Ангела Анчевска, Ангела Ѓоргиева, Ивана Гелева Кони Маркова @ Podium Model Agency

Во соработка со: Skopje City Mall

Поддржано од: Lenor

Дигитален партнер: A1 Македонија

Сите колекции ексклузивно ќе бидат презентирани на социјалните мрежи, со премиера на снимените видеа и фотографии во партнерство со Skopje City Mall, а тука ќе ги читате критичките видувања за нив, низ призмата на модната блогерка и заменик-уредник на Kajgana.com, Александра Спасеска.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе